речник контакт

Мали поуки за животот: I дел

Ај на повеќе!

Зоран Николов

Мали поуки за животот [br] [br] Како да живеете среќен и плодоносен живот [br] [br] 1. Секој ден барем на тројца луѓе кажи им нешто убаво. [br] [br] 2. Барем еднаш во годината набљудувај го изгревот на сонцето. [br] [br] 3. Помни ги родендените на другите. [br] [br] 4. Давај бакшиш на келнерките што те служат. [br] [br] 5. Секогаш поздравувај се цврсто. [br] [br] 6. Гледај ги луѓето право во очи. [br] [br] 7. Научи да свириш на некој инструмент. [br] [br] 8. Пеј кога се тушираш. [br] [br] 9. Секоја пролет засадувај цвеќе. [br] [br] 10. Купи си добар музички систем. [br] [br] 11. Живеј поскромно од твоите можности. [br] [br] 12. Купувај добри книги, иако ќе останат непрочитани. [br] [br] 13. Простувај им на другите, но и себеси. [br] [br] 14. Научи добро три вица. [br] [br] 15. Секогаш носи добро исчистени чевли. [br] [br] 16. Напиј се шампањ без причина. [br] [br] 17. Кога сметаш дека си заслужил зголемување на платата, слободно побарај го. [br] [br] 18. Ако се најдеш во тепачка, удри прв и силно. [br] [br] 19. Секогаш враќај ги нештата што си ги позајмил. [br] [br] 20. Биди предавач на некој курс. [br] [br] 21. Биди слушател на некој курс. [br] [br] 22. Кон сите кои ги среќаваш однесувај се онака како што би сакал тие да се однесуваат кон тебе. [br] [br] 23. Засади дрво на твојот роденден. [br] [br] 24. Секоја година подари барем литар од твојата крв. [br] [br] 25. Создавај нови пријателства, но негувај ги и старите. [br] [br] 26. Научи да чуваш тајни. [br] [br] 27. Често прави фотографии со својот фотоапарат. [br] [br] 28. Не ги одложувај убавите моменти. [br] [br] 29. Кога некому треба да му се заблагодариш, стори го тоа навреме. [br] [br] 30. Никогаш не се откажувај од никого. Чудата се случуваат секој ден. [br] [br] 31. Почитувај ги своите учители. [br] [br] 32. Немој да губиш време учејќи „мали тајни за трговијата“. Наместо тоа, научи нешто за самата трговија. [br] [br] 33. Научи да го контролираш својот темперамент. [br] [br] 34. Купувај овошје од оние фармери кај кои цените се напишани со рака. [br] [br] 35. По секоја употреба затвори ја пастата за заби. [br] [br] 36. Фрли го ѓубрето без некој да ти рече. [br] [br] 37. Не се изложувај премногу на сонце. [br] [br] 38. Гласај на избори. [br] [br] 39. Израдувај ги своите блиски со мали неочекувани подароци. [br] [br] 40. Престани да ги обвинуваш другите. Биди одговорен за сѐ во твојот живот. [br] [br] 41. Не мора никој да знае дека си на диета. [br] [br] 42. Извлечи го најдоброто од лошите ситуации. [br] [br] 43. Секогаш прифати ја подадената рака. [br] [br] 44. Живеј така што кога твоите деца ќе помислат на чесност, љубов и сопствен интегритет, прво ќе помислат на тебе. [br] [br] 45. Признај ги сопствените грешки. [br] [br] 46. Употреби ја својата смисла за хумор за да ги насмееш луѓето, а не за да ги навредиш. [br] [br] 47. Имај на ум дека во секоја вест има пристрасност и предрасуди. [br] [br] 48. Кога си заглавен во градскиот сообраќај, дозволи им на некои да застанат пред тебе, ако можат. [br] [br] 49. Секогаш барај го најдоброто и биди спремен истото да го платиш. [br] [br] 50. Биди храбар. Дури и ако не си, преправај се. Никој нема да ја забележи разликата. [br] [br] 51. Свиркај. [br] [br] 52. Од кога ќе ги искараш децата, гушни ги. [br] [br] 53. Научи да создаваш нешто убаво со своите раце. [br] [br] 54. Подари ѝ ја на некоја добротворна организација облеката што не си ја облекол во последните три години. [br] [br] 55. Никогаш не заборавај ги твоите јубилеи. [br] [br] 56. Јади суви сливи. [br] [br] 57. Вози велосипед. [br] [br] 58. Не го земај своето здравје здраво за готово. [br] [br] 59. Кога некој ќе ти понуди работа, оди на интервју иако не си многу заинтересиран. Не вели „не“ додека лично не ја слушнеш понудата. [br] [br] 60. Научи да играш танго. [br] [br] 61. Воздржи се од давање саркастични забелешки. [br] [br] 62. Не влегувај во ресторани во кои музичарите шетаат меѓу масите. [br] [br] 63. Запомни дека и во деловните и во приватните односи, довербата е најважното нешто. [br] [br] 64. Немој да трошиш време и пари обидувајќи се да имаш подобар автомобил или телевизор од оној на комшијата. [br] [br] 65. Никогаш немој некого да го охрабруваш да биде адвокат. [br] [br] 66. Не пуши. [br] [br] 67. Кога ќе го испразниш садот за лед во коцки, не заборавај повторно да го наполниш со вода. [br] [br] 68. Никогаш не дозволувај некој да те види поднапиен. [br] [br] 69. Никогаш не вложувај повеќе во акции од она што можеш да си дозволиш да изгубиш. [br] [br] 70. Биди внимателен кога го избираш својот животен сопатник. Таа одлука ќе ти донесе 90% среќа или беда во животот. [br] [br] 71. Нека ти биде навика да им правиш добро на луѓето кои никогаш нема да дознаат дека ти си нивната „добра вила“. [br] [br] 72. Присуствувај на јубилејните годишнини на твојата генерација. [br] [br] 73. Позајмувај ги само оние книги за кои не ти е важно дали ќе ти ги вратат. [br] [br] 74. Научи да пишуваш на компјутер. [br] [br] 75. Размислувај за големи нешта, но задоволствата барај ги во малите работи. [br] [br] 76. Често кажувај им на своите деца дека се добри и дека им веруваш. [br] [br] 77. Кредитните картички користи ги како олеснување, никако како кредит. [br] [br] 78. Секој ден пешачи половина час. [br] [br] 79. За својот роденден подари си една добра масажа. [br] [br] 80. Никогаш не мами.[br] [br] 81. Смеј се често. Бесплатно е, а добивката е огромна.[br] [br] 82. Секогаш имај апарат за гаснење пожар во кујната и во автомобилот.[br] [br] 83. Во рок од една година прочитај ја Библијата од почеток до крај.[br] [br] 84. Размисли околу тоа да потпишеш документ со кој одбиваш во случај на неизлечива болест, твојот живот да се одржува со помош на апарати.[br] [br] 85. Не купувај скапи вина, патни торби и рачни часовници.[br] [br] 86. Научи како се дава прва помош со вештачко дишење и масажа на срцето.[br] [br] 87. Кога во текот на патувањето ќе наидеш на знак кој ти кажува дека во близина се наоѓа некој историски споменик, застани и посети го.[br] [br] 88. Научи да слушаш. Шансата понекогаш чука многу тивко.[br] [br] 89. Научи да ја менуваш гумата на автомобилот.[br] [br] 90. Научи да врзуваш вратоврска.[br] [br] 91. Почитувај ја приватноста на децата. Секогаш чукни пред да влезеш.[br] [br] 92. Запомни ги имињата на луѓето кои ги запознаваш.[br] [br] 93. По употреба, секогаш спушти го капакот на шолјата во тоалетот.[br] [br] 94. Научи ги главните градови на одделните држави.[br] [br] 95. Кога некој ти раскажува дека нешто важно му се случило, немој да го прекинуваш со некоја своја приказна. Остави го тој ва биде главен.[br] [br] 96. Ако имаш криви заби, стори сѐ за да ги исправиш.[br] [br] 97. Ако ти се забите пожолтени, погрижи се да ти ги избелат.[br] [br] 98. Часовникот намести го пет минути понапред.[br] [br] 99. Почекај еден час пред да му одговориш на некој кој те провоцирал. Ако е нешто многу важно, тогаш почекај до следниот ден.[br] [br] 100. Никогаш немој некому да му ја одземеш надежта. Можеби тоа е сѐ што има.[br] [br]

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »